Sunday, July 13, 2014

Нискотарифни VS Стандардни авиокомпании

Во продолжение, визуелна претстава на разликата помеѓу нискотарифна авиокомпанија (калибарот на WizzAir) и регуларна, стандардна авиокомпанија.

Thursday, May 15, 2014

Дали е на повидок наместен оглас за вработување во Агенцијата за цивилно воздухопловство?

Агенцијата за цивилно воздухопловство на почетокот на оваа година објави јавен оглас за потреба од вработување на работник (со краен рок за пријавување 04.02.2014)- Советник за заштита на правата на патници во Одделение за аеродромски услуги и заштита на права на патници со нето плата од 56.100,00 денари.

Thursday, May 1, 2014

Како да не ви е досадно во воздухопловите

Во зависност од тоа со која авиокомпанија ќе летате така ќе видите различни системи за забава во воздухопловите. Системите би се движеле од најобичен шпил карти па се до целосна аудио / видео поддршка. Како и се во животот, се е поврзано со цената и вредноста на авиокомпанијата.

Monday, March 10, 2014

Жени во македонското воздухопловство

Иницијално бев поттикнат од написите последниве денови за промовирањето четворица офицери-пилоти од првата класа слушатели. Не знам зошто воопшто се прави промоција за вакви работи, ама нема да дискутирам (не ни сакам да мислам колку време овие четворица ќе поминат во реално летање). 
Првата идеја, за жени во воздухопловството после отворањето на линкот погоре што ќе и/му падне на сите на ум на некој/а се стјуардесите (кабинскиот екипаж). Да не навлегуваме во тоа дека оваа професија многу лесно (и најчесто) се врзува со женскиот пол. Како прва удира бидејќи се зема предвид фактот дека најчесто обичниот патник има директна поврзаност со кабинскиот екипаж.

Friday, January 31, 2014

Изгубен багаж

Изгубениот багаж не е мила работа; истиот, ги принуди патниците да го сменат начинот на кој се пакуваат.

Слика број 1
Но зошто се уште има изгубен багаж?

Friday, January 17, 2014

Заштита од замрзнување на воздухопловите (II)

Еве го и вториот дел (првиот дел тука), т.е. како мразот може да се спречи да се појави на структурата на воздухопловот и како истиот да се отстрани.

Wednesday, January 15, 2014

Заштита од замрзнување на воздухопловите (I)

Со најавата за студени температури во Февруари, неизбежната влага, мраз и снег, ми текна на потенцијалниот напад од страна на времето на аеродромите/воздухопловите/авиокомпаниите.
За општата патувачка публика/патниците ова значи дека воздухопловите мора да чекаат пред полетување истите да се одмрзнат.

Saturday, December 28, 2013

Воздушниот сообраќај во Република Македонија за 2014 година

Крајот на годината секаде е резервиран за рекапитулации, финални баланси, крајни состојби и сл. Нема овој последен блог пост за оваа година да е исклучок.
  1. Овој блог пост ќе е сработен по шаблонот на блог постот, објавен претходната година 
  2. Овој блог пост претставува продолжение на постот објавен пред овој пост. Поради тоа, ќе е краток.

Thursday, December 19, 2013

Како Македонија леташе во 2013 година

Кога ќе направам анализа на мојот пост објавен ова време пред точно една година, неколку работи се очигледни од кои две се јавуваат како најочигледни:
  1. Бројот на патници се зголеми (за одреден процент) споредбено со 2012 година (благодарение најмногу на присуството на „WizzAir“ на македонското небо) и 
  2. „WizzAir“, за жал, во 2013 година не понуди директни летови до Брисел, Рим и Барселона, меѓутоа од 16 Април 2014 година, „WizzAir“ започнува со летање на 3 нови дестинации: Брисел, Франкфурт и Париз, 2 пати неделно.

Thursday, November 28, 2013

Портали за купување на поевтини авионски карти

Како што напоменав во претходниот пост, во овој пост ќе се занимавам малку со порталите/веб сајтовите (како милувате) кои нудат опции за book-ирање/резервирање/купување на авионски карти. Од лично искуство на авторот, македонските граѓани најчесто истите ги користат за наоѓање најевтина авионска карта. И веднаш прашањето - Дали навистина е подобар начин да се резервира лет преку нив или преку сајтот на авиокомпанијата?
Одговорот - Да и Не. Да разложам, бујрум.