Wednesday, July 25, 2012

Што и како треба?

Што треба да се знае за тие што планираат да летаат (а до сега не летале). Многу луѓе ме замолија, па еве со неколку copy-paste потези срочив нешто :

БАГАЖ

На патниците им е дозволено да понесат со себе само едно парче рачен багаж. Рачниот багаж е непријавен багаж кој се носи со себе во патничката кабина под личен надзор на патникот. На патниците им е дозволено бесплатно да носат во авионот:

· палто,
· 1 чадор или помошно стапче за одење,
· 1 женска/машка чанта,
· 1 мал фотографски апарат или двоглед,
· 1 торба за бебе,
· 1 пар штаки и/или протеза или какво било протетичко помагало,
· останата медицинска опрема од која патникот е целосно зависен,
· материјал за читање во разумни количини како и
· разумни количини на бебешка храна
  • Пасош, авионски билет (испечатен boarding ticket) и потребна документација (визи, осигурителни полиси и сл.) сметам дека не треба да споменувам.
  • Сé што е погореспоменато во склоп на едното парче рачен багаж со димензии однапред утврдени од страна на превозникот т.е авиокомпанијата.
  • Сé од течности(било кој тип), флаширана вода, дезодоранси, парфеми, течни пудри, кремови, каши и сл. треба да не преминува 100ml (единечно обележано на амбалажата на производот) и спаковано и затворено во пластична/најлонска кеса, како што е прикажано на сликата.

Слика бр.1 - Правилно спакувани течности за рачен багаж

Погледнете подетално тука доколку ве интересира што и како не треба во рачен багаж. 

Останатиот багаж е пријавен багаж. Регистриран багаж (пријавен багаж) е оној багаж кој е под надлежност на авиопревозникот и за кој превозникот потврдува дека багажот е пријавен (се забележува во авиобилетот) и се издава идентификациски привезок за секое парче багаж. Пријавениот багаж останува во воздухопловот, во оној со кој што патува патникот. Сите парчиња багаж кои се пријавуваат мора соодветно да бидат спакувани во доволно цврсти куфери или слични торби за да бидат безбедно транспортирани. Секое парче багаж мора да има име, презиме и адреса на патникот.

Регистрираниот багаж не би требало да ги содржи следните предмети: 

· кршливи предмети,
· вредносни предмети,
· расипливи стоки,
· опасни материи.

Се препорачува долунаведените предмети да не се пренесуваат во пријавениот багаж:

· патнички документи,
· медицински уверенија,
· деловни документи,
· лаптоп-компјутери со мали димензии
· останати електронски уреди,
· музички инструмети,
· слики,
· пари,
· накит,
· хартии од вредност,
· лекови.

На редовните летови, на возрасните и децата над двегодишна возраст им е дозволен багаж од 10 односно 20 кг. во економска класа и до 30 кг во бизнис класа. Доколку вашиот багаж преминува некои од овие ограничувања, обично дополнително се наплаќа.

Додека сте на аеродромот треба да обратете внимание на процедурите за предавање на багажот: 
  • Не оставајте го вашиот багаж без придруба (доколку биде запленет од службите за security истиот ќе биде отстранет и веројатно уништен),
  • Секогаш водете сметка за рачниот багаж,
  • Не пријавувајте туѓ багаж на шалтерот за чекирање како ваш, бидејќи туѓиот багаж може да содржи предмети кои можат да ве доведат во ситуација на опасност или одговорност пред соодветните безбедносни служби.
За САД, американските териитории, Канада, Мексико и Јужна Америка дозволениот багаж се ограничува по парчиња. Освен тоа, секое парче багаж не треба да ја премине дефинираната големина и тежина.


ИЗГУБЕН БАГАЖ

Во случај на непристигнување на багажот, патникот е должен со авионската карта (boarding ticket) и привезокот за багажот веднаш да се обрати до служба за изгубен багаж. 

Службата за изгубен багаж ги нуди следните услуги:
· отворање на записник за непристигнат багаж,
· електронско лоцирање и
· трагање за багажот.

Во случај на пристигнување на оштетен багаж или од багажот да недостасуваат работи, патникот е должен да се обрати во службата за изгубен багаж за да отвори записник за оштетен багаж. Багажот кој е изгубен и потоа доставен до одредишната локација после извесен период (овој период не би требало да премине повеќе од 7 дена) ќе ви биде доставен на ваша адреса од страна на авиокомпанијата со која сте летале.

ЖАЛБИ И ПРАВА НА ПАТНИЦИ КОИ ПАТУВААТ ПО ВОЗДУШЕН ПАТ 

Патниците треба да си ги знаат своите права кога патуваат по воздушен пат.

Патниците кои веруваат дека имаат валидна жалба против авиокомпанија во однос на
  • забранет влез во воздухоплов (дозволена ви е компензација помеѓу 125 евра и 600 евра во зависност од должината на летот и од доцнењето кое настанува кога е пренасочен летот),
  • сместување во пониска класа,
  • откажување(имате право на паричен надомест доколу не сте биле информирани 14 дена пред летот или сте биле пренасочени приближно до првично закажаното време на полетување, или ако авиопревозникот може да докаже дека откажувањето било предизвикано од вонредни околности) или
  • големо доцнење на даден лет (може да побарате поврат на парите за авиобилетот доколку доцнењето е подолго од 5 часа, но само доколку одлучите да не патувате)
прво треба таквата жалба да ја поднесат до авиокомпанијата што оперирала со тој лет.

Во зависност од околностите, во случај да не сакате да патувате или вашиот лет е откажан или доцни, имате право на помош (кетеринг, комуникации како и преноќување доколку е потребно). Авиопревозниците може да се сметаат за одговорни за штетите кои може да настанат од доцнењето(ограничени до ± 4.800 евра), за оштетување и губење на багажот (ограничено до± 1.200 евра) како и за повреди или смрт при несреќа.
Меѓутоа, авиопревозниците нема да бидат одговорни доколку ги преземат сите соодветни мерки со што би ги одбегнале штетите или доколку се оневозможени да ги преземат таквите мерки.

Пакети за празници/одмори - Туристичките оператори мора да имаат точни информации за резервациите за одмор, кои се во согласност со договорените обврски како и да ги заштитат патниците во случај на несолвентност на организаторот.


ДОКОЛКУ ПОАЃАТЕ ОД АЕРОДРОМ ОД РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

За таа намена може да се користи овој формулар. Доколку во рок од 6 недели по приемот на жалбата, авиокомпанијата не успее да Ви даде одговор или, доколку не сте задоволни од нивниот одговор, овој формулар (може да се користи копија од оригиналната форма испратена до авиокомпанијата) треба да се испрати до:

Агенција за цивилно воздухопловство на Република Македонија
Даме Груев 1
1000 Скопје
Република Македонија

ДОКОЛКУ ПОАЃАТЕ ОД ОД АЕРОДРОМ НАДВОР ОД РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Доколку станува збор за земја-членка на Европската унија видете го списокот на Националните тела за спроведување на жалби во врска со правата на патниците кои патуваат по воздушен пат. Формуларот за жалба пропишан од Европската унија (превод на македонски јазик на истиот) треба да се користи само за случаи кои се однесуваат на:
·   инциденти при забранет влез во воздухоплов,
·   сместување во пониска класа,
·   откажување или големо доцнење на лет.

За сите други видови жалби, како што е побарување багаж, промени во распоредот на летање направени пред повеќе од 14 дена од датумот на Вашето патување или работи поврзани со билетот, тие, исто така, прво треба да се достават до авиокомпанијата за која станува збор.
Доколку не добиете, или не сте задоволни од добиениот одговор, за дополнителни консултации можете да ја контактирате Агенција за цивилно воздухопловство на Република Македонија односно Националните тела за спроведување на земјите-членки на ЕУ.

Извори:

И за крај:

Слика бр.2 - Немам коментар

АЖУРИРАНО (30 јули 2012):

Неколку дена после овој пост, на ден 29.07.2012, 14:31, беше објавен напис во дневниот весник „Дневник“ кој ја обработува речиси идентично темата на која што пишував погоре. Името на новинарката која го припремила написот е Даница Тунтевска Вујовиќ.

Линк до написот (прочитан од авторот на ден 30.07.2012 година)

No comments:

Post a Comment